Износи за дневници во странство
Преглед на износите наведени во важечкото Решение за највисоките износи на дневници за службено патување во странство, подредени по држави и дестинации.
Прикажаните износи се преземени од Решението објавено во Сл. весник на РМ, бр. 19/14. Последно ажурирано: 02.09.2026.
Според Решението објавено во Сл. весник на РМ, бр. 19/14, за сите други земји кои не се поединечно наведени во табелата, износот наведен во службениот акт изнесува 90.00 USD (САД долари).
Интегриран курс на НБРСМ за пресметка во денари (МКД)
Изберете го датумот на патување во полето подолу за моментален приказ на денарските дневници во табелата или кликнете на државата за детална пресметка.
| Држава | Град / Дестинација | Износ во Решението | Пресметка во МКД (03.09.2026) | Статус |
|---|---|---|---|---|
| CH Швајцарија | за сите места | 130.00 CHF | ~ 8,482.86 МКД (Курс: 65.2528) | Во примена |
| SE Шведска | за сите места | 90.00 EUR | ~ 5,534.48 МКД (Курс: 61.4942) | Во примена |
| ES Шпанија | за други места | 64.00 EUR | ~ 3,935.63 МКД (Курс: 61.4942) | Во примена |
| ES Шпанија | Мадрид и Барселона | 87.00 EUR | ~ 5,350.00 МКД (Курс: 61.4942) | Во примена |
| LK Шри Ланка | за други места | 69.00 USD | ~ 3,664.80 МКД (Курс: 53.1130) | Во примена |
| LK Шри Ланка | Коломбо | 108.00 USD | ~ 5,736.20 МКД (Курс: 53.1130) | Во примена |
Правила и законски одредби за пресметка на дневници во странство
Висината и начинот на пресметка на дневниците за службени патувања во странство за вработените во приватниот сектор (согласно член 35 став 1 алинеја 2 од ОКДПС) и во јавниот сектор (согласно член 20 став 1 алинеја 1 од ОКДЈС) се регулирани со важечките акти на Владата.
Правила и законски одредби за пресметка на дневници во странство
Детален преглед на Уредбата за издатоци во странство, Член 10 (намалувања за сместување и исхрана 50%/20%), Член 11 (времетраење), Член 13 (граница и авионски превоз) и даночен третман.
Правна и сметководствена напомена:
Наведените износи се преземени директно од важечкото Решение за највисоките износи на дневници за службени патувања во странство (Сл. весник на РМ бр. 19/14) и Уредбата за издатоците за службени патувања и селидби во странство („Сл. весник на РМ“, бр. 50/00, 64/01, 110/08, 82/10, 12/12, 5/13, 1/14, 90/14 и „Сл. весник на РСМ“, бр. 46/25). Нивната примена при конкретна пресметка и исплата зависи од реалното времетраење, опфатот на покриените трошоци за исхрана и сместување, како и колективните договори и интерните акти на работодавачот.
Износите се прикажани во изворната валута наведена во официјалниот акт. Исплатата во денари се врши согласно сметководствените стандарди и важечкиот курс на денот на пресметката.